https://www.flickr.com/photos/85730035@N04/49592229693/in/photolist-2iyi97Z-2kUGdPJ-amvdKB-R83eek-6DxqAY-BeMNXe-6jmhck-6cmw6A-2nsCpBk-2ginedm-VJR2Bt-aoGcUs-4q8WH-2nDyiXK-2nbEmEG-c7xeaQ-2jxLsFu-2m8heTy-2hfVuQK-2nsCp12-2mNq2Zw-XpKHVw-2kpsuv9-XZ4uT4-2kvTaBM-2jALUvo-2iKsYF6-2h68dN2-2nzPvmX-2mRC7tx-29mhg1U-2jB5hoN-WXvKch-bxiphr-8r3iyq-LjV36z-6K5mcu-2mkvXbs-2ja68Bd-bwxmNH-iNydQt-rqrCw1-DXQK77-2iSnzHg-drGkg1-6j5b74-6WDfYf-2ioyuhY-n7pgoD-dcmYjC

27.06.2023 Скопје

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека дневната евтина тарифа на електрична енергија, сепак не се враќа од 1 јули, туку дури од 1 декември. Но, во меѓувреме од следниот месец ќе има промени во цените по кои домаќинствата ќе ја плаќаат енергијата, едни ќе плаќаат по уште пониски цени, а други по повисоки.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, објасни дека цената за потрошувачите од прва и втора категорија се намалува, додека за оние од трета и четврта се зголемува.

„Изиминативе две години, Република Северна Македонија се соочи со голема енергетска криза, која беше пред се ценовна. На неа се надоврза и конфликотот во Укрина што ја доусложни ситуацијата. И покрај проблемите, грејната сезона започна навреме, за разлика од земји во соседството. За 18 месеци се изградени и приклучени на мрежата нови обновливи извори на енергији, за што во првите пет месеци од годинава имаме увоз на електрична енергија од 12 проценти, што најмал откако увезуваме енергија“, посочи претседателот на РКЕ.

Бислимовски истакна дека енергетската криза е новото нормално, поради што нагласи дека „не гледаме дека ќе има промени на цените, кои сега се движат околу 150 евра за мегаватчас“.

„Најдобар начин е да се купува енергија во најевтинито период. Кога ја укинувавме евтината тарифа, ветив дека првата можност кога ќе се укаже, ќе ја вратиме. Таа се враќа од 1 декември во период од 13 до 15 часот, ова е максимум што можеме да го нарпавиме и очекуваме следниов период да започне промената на саатите. Тоа го правиме по сигналот на берзите, каде што во овој период цените на енергијата се најниски, со што им даваме сигнал и на компаниите да купуваат повеќе енергија овој период кога цените се најниски“, истакна Бислимоски

Бислимовски, исто така, посочи дека во однос на цените на електрична енергија кај дел од потрошувачите ќе има зголемување на цената кај третата и четвртата категорија, а намалување кај првата и втората категорија на потрошувачи.

„Вкупната цена на електрична енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина се намалува за 7,04 проценти. Во вториот блок се намалува за 4,09 проценти. Цента во третиот блок се зголемува за 2,54 проценти, и во четвртиот блок за 2,42 проценти“, додаде тој.

Цените за енергија во евтина тарифа остануваат речиси идентични.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author