https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/d/d1/National_Assembly_main_building%2C_Sofia%2C_October_2016_02.jpg

06.06.2023 Скопје

Кандидатот за премиер на Бугарија, Никола Денков, од собраниската говорница истакна дека, денес е тој ден кога може да се даде надеж на граѓаните на Бугарија и да се формира долгоочекуваната стабилна Влада.

Мандатарот на новата бугарска Влада нагласи дека денеска е денот да се избере влада која ќе има храброст и стручност да ги донесе важните одлуки и да сноси одговорност за нив.

Денков додаде дека доколку биде избран за премиер на Бугарија, ќе се обврзе да поднесе предлог-буџет со три отсто дефицит, да ги исполни обврските од меѓународната програма, да работи за влез на Бугарија во Шенген и во еврозоната, да работи во тесна координација со Националното собрание за спроведување на законодавна програма, вклучувајќи и измени на Уставот.

Кандидатот за премиер Никола Денков исто така ја претстави структурата и составот на предлог-владата „Денков-Габриел“, прецизирајќи дека првите девет месеци тој ќе биде премиер, а вторите девет месеци на функцијата ќе биде Марија Габриел од партијата (ГЕРБ-СДС).

Подготвено од М.Н.

About Author