https://www.flickr.com/photos/116288008@N06/26354740955/in/photolist-G9SWir-5t9diW-6KAiyx-6L5WuM-aMh6TT-4sNWM1-eByeiw-fH5HLL-fH5HbC-fGN8sB-fH5GLu-fH5G7b-fGN75r-fH5EWU-4HS7jJ-gbeHWc-fGN9FR-fGN99K-fGN8Wk-fGN8NV-fH5H7w-fH5GxJ-fGN7TK-fGN7EV-fGN7jv-fGN7cF-fH5Fcj-fGN6hP-eF65Ya-eBuGkG-gbeujd-fGN9Ar-fGN8mc-fGN8ac-fGN6Xa-fH5Fjs-6nyphq-eEQc89-gbeToi-gbepwB-gbdZPQ-gbdZBn-gbdLdD-gbd2Jn-gbdgU7-gbeKHu-gbf41V-gbe5pm-gbdts6-gbdtm5

15.06.2023 Скопје

Денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на самопрогласеното Косово, по апсењето на тројца припадници на специјалната единица на косовската полиција.

Тие се уапсени на територијата на општина Рашка и, како што е соопштено, административната линија ја поминале 1,8 километри.

Властите на самопрогласеното Косово тврдат дека полицајците во моментот на апсењето биле на задача од косовската страна на административната линија.

По апсењето, владата на самопрогласеното Косово одлучи да забрани влез на возила со српски регистарски таблички на Косово и Метохија, а забранет е и увоз на стока од Србија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author