finale liga na sampioni 2023

10.06.2023 Скопје

Денес се игра големото финале во Лигата на шампионите, а Пеп Гвардиола и Симоне Инзаги ги искажаа своите очекувања пред вечерната пресметка.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола порача дека освојувањето на Лигата на шампионите е сон за неговите избраници и одлучни се во намерата да стигнат до трофејот кој им недостасува.

За Манчестер Сити ова ќе биде второ финале во Лигата на шампионите по поразот од Челси во 2021 година.

Симоне Инзаги од спротивната страна е свесен за квалитетот на противникот и фаворитската улога ја препушта на „граѓаните“. Инзаги истакна дека екипата на Интер ќе да го даде својот максимум на теренот и дека сепак нема да запрат тука каков и да биде исходот на вечерниот дуел.

Финалето се игра денес од 21:00 часот, а во него Сити ќе се обиде да дојде до својата прва титула во Лигата на шампионите, додека пак Интер веќе се радуваше на три титули до сега.

Подготвено од М.Н.

About Author