16.06.2023 Скопје
Министерството за внатрешни работи информираше дека Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Таму со почеток во 20.45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Украина.
МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Подготвено од А.Ѓ.