https://www.flickr.com/photos/cementley/34640312584/in/photolist-2UBENz-UM3E5G-Vp6wP4-bbv8HP-Vz4mLg-VvvsgN-UktYDv-Uku59i-Vnuk6k-Vz487n-ieSU9R-VvvvLo-2mfz92W-VvvkpG-5UP3Vv-249cmy1-EFmkNH-wLqvo-Gncwsn-5rAsPR-23gqqnu-7KfKut-5mtees-2cPoGZZ-VkRRt5-SniGgy-oKYPMb-EPsHU9-VjsCm5-dbRMLH-Sj1qUw-5vtfZz-GvRkin-5DS921-UYTrow-2kQuapa-2kQuaoJ-9mMxVF-2avopL7-4N9Qk-gMpye7-8yAMjL-Gxae6P-nzyUx9-o7GvUv-SE6tY9-9nAJKp-3dv8aD-o5C6MF-74dvkW

01.06.2023 Скопје

Вкупната надворешно-трговска размена на Црна Гора во првите четири месеци, според прелиминарните податоци на Монстат, изнесува 1,39 милијарди евра, што е за 13,6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Монстат објави дека е извезена стока во вредност од 271 милион евра, што е за 2,7 отсто помалку во однос на истиот период лани. Увозот е поголем за 18,4 отсто и изнесува 1,11 милијарди евра.

Покриеноста на увозот со извоз изнесува 24,3 отсто и е помала во однос на истиот период од претходната година кога изнесуваше 29,6 отсто“, се наведува во соопштението. Во структурата на извозот најзастапени се минералните горива и мазива во износ од 161,3 милиони евра, потоа електричната енергија со 155,3 милиони евра.

Во структурата на увозот најзастапени се машините и транспортните уреди во износ од 262,6 милиони евра, кои ги сочинуваат возила со 92,4 милиони евра. Најголеми надворешно трговски партнери на Црна Гора во извозот биле Србија со 65,4 милиони евра, Босна и Херцеговина 45,3 милиони евра и Словенија 44,9 милиони евра, покажуваат официјалните статистички податоци.

Најголеми надворешно-трговски партнери во увозот биле Србија со 187,3 милиони евра, Кина од која се увезени стоки за 130,8 милиони евра и Германија со увезена стока во вредност од 107 милиони евра.

Надворешната трговија беше најголема со потписниците на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и со Европската унија (ЕУ), покажуваат официјалните податоци на Црногорскиот завод за статистика.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author