21.06.2023 Скопје
Минатата недела, потезите на американската и европската централна банка беа во согласност со очекувањата на пазарот. Во САД, тоа значеше дека по 14-месечна серија на зголемувања, каматните стапки овојпат се задржаа на ниво помеѓу 5 отсто и 5,25 проценти. Од друга страна, Европската централна банка малку ја надополни разликата, со ново зголемување од 0,25 отсто. Во исто време, гувернерката на ЕЦБ, Кристин Лагард најави ново зголемување на состанокот во јули.
Официјалните податоци за мајската инфлација во САД, објавени во вторникот, го одвлекоа вниманиетоод централните банкии потврдија дека инфлацијата се намалува. Со 4 проценти, индексот на цени CPI покажа најниска вредност од мај 2021 година. Податоците се донекаде погрешни поради високата компаративна основа, особено на цените на енергетските производи кои беа на многу високи нивоа во овој период минатата година.
Водечките показатели за следниот месец упатуваат на продолжување на трендот на намалување на инфлацијата. Пазарите се обложуваат дека ова, во комбинација со заладувањето на економскиот раст, ќе го омекне ставот на централните банкари, поттикнувајќи го растот на берзанските индекси кои се приближуваат до минатогодишните рекордни максимални вредности.
На азиските берзи позитивно се истакна јапонскиот Nikkei 225, кој порасна за 4,5 отсто на неделно ниво и постојано се приближува до рекордната вредност која датира од 1989 година. Успешна недела овој пат и за Кинеските акции, кои пораснаа поради намалувањето на клучните каматни стапки, со што кинеските власти сакаат да го заживеат економскиот раст.
Подготвено од А.Ѓ.