Image by wirestock on Freepik

27.06.2023 Скопје

Цените на киријата во САД паднаа за првпат по три години, што, според економистите, може да биде почеток на позитивен тренд за станарите.

Просечната кирија во САД во мај била 1.739 долари или 1.590 евра, што е за 0,5 отсто помалку од мај минатата година.

„Ова е уште еден знак дека инфлацијата предизвикана од киријата е веројатно зад нас“, рече главниот економист на Realtor.com, Даниела Хејл.

Таа смета дека овој пад на цените на киријата, иако скромно, во комбинација со слабеењето на инфлацијата и добрата состојба на пазарот на труд во САД е „дефинитивно добра вест за домаќинствата“.

Цените на киријата во мај се пониски од максимумот од јули 2022 година, но сепак се за речиси 25,0 отсто повисоки од 2019 година.

Цените на годишно ниво најмногу паднаа во Лас Вегас – за 6,0 отсто, во калифорниските области Риверсајд и Сан Бернардино – за 5,9 отсто, како и во градот Феникс во Аризона – за 5,7 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author