grcija potonat brod so migranti

14.06.2023 Скопје

Бројот на жртвите од рибарски брод што утрово потона во близина на брегот на Пилос, Грција, се искачи на 59 жртви, соопшти грчката крајбрежна стража. Според невладината организација „Aegean Boat Report“, бројот на жртви најверојатно ќе продолжи да расте во текот на денот.

Според првите информации, рибарскиот брод потопен утрово испловил од Тобрук, во источна Либија, а на бродот имало дури 750 луѓе.

Контакт со бродот бил изгубен нешто по полноќ, а текот на бродот и причината за трагедијата се уште не се разјаснети.

Според информациите се чини дека се наѕира една од најлошите трагедии во Медитеранот по таканаречениот бродолом на Сицилијанскиот канал на 18 април 2015 година, каде имаше 58 потврдени жртви, 28 спасени преживеани и меѓу 700 и 900 се претпоставува дека се исчезнати.

Подготвено од М.Н.

About Author