14.06.2023 Скопје
Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, коментирајќи ги последните настани на северот на Косово и Метохија изјави дека ова е нова провокација со цел премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти да предизвика нова ескалација и нов бран на насилство и со тоа да се избегнат обврските од бриселските и охридските договори, кои вклучуваат формирање на Заедници на српски општини.
Брнабиќ, во изјава за медиумите во Лондон, апелираше до меѓународните партнери да му помогнат на Белград да ги зачува мирот и стабилноста и да продолжи да инсистира на спроведување на сите договори.
Таа рече дека разговарала со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич, за тоа како да се подобри состојбата во регионот на Западен Балкан, а ја допреле и темата за Косово и Метохија.
„И како да создадеме подобра соработка во оваа смисла и поблиска комуникација меѓу Велика Британија и Србија, а особено ја допревме темата Косово и Метохија“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека со Пич разговарала и за тоа што „не само што Курти не го спроведе Бриселскиот договор“, туку, како што наведе, активно работел, „подвижува директно спротивно на она што е наведено во Бриселскиот договор“.
Подготвено од А.Ѓ.