05.06.2023 Скопје
Британските министри и официјални лица искористиле бројни групи на Whatsapp за да донесат клучни одлуки за пандемијата Ковид-19. Оваа информација ексклузивно излезе во британските медиуми кои известуваат за постоењето на три групи на апликацијата за инстант пораки кои одиграле фундаментална улога во одговорот на владата на пандемијата.
Владата на Британија минатата недела повика на судска ревизија на одлуката на претседавачот со истрагата за Ковид-19, бароницата Халет, да ги побара сите пораки разменети од тогашниот премиер Борис Џонсон со други министри и официјални лица за време на пандемијата.
Владата соопшти дека барањето на овој „недвосмислено ирелевантен“ материјал ќе ја наруши приватноста на министрите и функционерите.
Правниот спор покрена прашања за употребата на Whatsapp во владата за време на пандемијата но и потоа.
Подготвено од М.Н.