14.06.2023 Скопје
ЕУ планира да го ограничи финансирањето на привремените институции во Приштина и да ги запре посетите на високо ниво поради одбивањето на властите на самопрогласеното Косово да промовираат деескалација, изјави портпаролот на Унијата за надворешни работи, Петер Стано.
Тој пред новинарите во Брисел изјави дека членките на ЕУ вчера поддржале низа мерки во однос на самопрогласеното Косово и дека очекуваат премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти, да ги спроведе неопходните чекори за итна деескалација.
„Овие мерки се поврзани со финансиски и политички последици, почнувајќи од прекинот на посетите и контактите на високо ниво и нашата финансиска соработка со самопрогласено Косово“, посочи Стано.
Стано вчера истакна дека ЕУ сè уште не видела решителни чекори на Курти за деескалација на ситуацијата на северот на Косово и дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ, им ги претставил на членките на Унијата мерките што треба да се воведе доколку Курти не го направи потребното.
Според него, „последните настани на северот на Косово само потврдуваат дека ескалацијата продолжува, а тоа не е во интерес на Косово и на народот на Косово“.
Подготвено од А.Ѓ.