06.06.2023 Скопје
Браната Нова Каховка на реката Днепар во Украина се урна во текот на ноќта. Според украинските власти, браната била саботирана од руските власти кои го контролираат градот, додека прорускиот градоначалник на градот Владимир Леонтев изјавил дека браната се урнала поради претходно постоечка штетна и небезбедна структура, чија сериозност била влошена со последните напади на киевските сили што се случија во текот на ноќта.
Според портпаролот на оперативната команда на Јужна Украина, Владислав Назаров, браната била бомбандирана од руските окупациони сили.
Во моментов се проценуваат обемот на штетите, брзината и волуменот на водата, и веројатните површини за поплави. Сите служби за итни случаи работат будно и ја следат ситуацијата.
Државниот оператор за производство на хидроелектрична енергија, „Укрхидроенерго“, соопшти дека епицентарот на експлозијата бил кај машинскиот простор, при што централата е целосно уништена одвнатре и штетата неможе да се санира.
Подготвено од М.Н.