16.06.2023 Скопје
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, за следната недела свика средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на самопрогласеното Косово, Албин Курти.
„Тој ги покани двајцата водачи на „кризен состанок“ во Брисел следната недела. Ќе споделиме повеќе детали во подоцнежна фаза“, рече портпаролот на ЕУ за надворешни работи Петер Стано.
Подготвено од А.Ѓ.