borel nemiri rusija

27.06.2023 Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на завршната прес-конференција на Советот за надворешни работи во Луксембург, изјави дека ситуацијата во Русија и понатаму останува непредвидлива.

„Го започнавме денот со проценка на случувањата во Русија во текот на викендот, со прекинатото вооружено востание од страна на групата Вагнер. Ситуацијата останува сложена и непредвидлива. Беше непредвидливо од самиот почеток и продолжува да биде“, изјави Борел.

Борел истакна дека и понатаму ќе останат будни и посветени на силна координација со своите партнери, 27-те земји-членки и соседните земји, и дека овие настани јасно покажале дека руската држава и личниот кредибилитет на рускиот претседател се ослабени и дека политичкиот систем во Русија веќе е премногу слаб.

За сега тоа е најмалку што може да се каже, понатаму ќе ја следиме состојбата и ќе бидеме внимателни по кој пат ќе одат немирите во Русија, заклучи Борел.

Подготвено од М.Н.

About Author