23.06.2023 Скопје
Произволните апсења на граѓани на Косово се неприфатливи, Мисијата на Европската Унија на Косово ќе го следи овој процес, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, на крајот на вчерашните одвоени средби во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти.
Борел истакна дека побарал да се оценат некои од лицата кои се уапсени, за да можат темелно да го истражат случајот, и подвлече дека сепак ЕУ е јасна во оваа точка, а тоа е дека „престапниците не можат да останат неказнети“.
Борел истакна дека побарал од Вучиќ тројцата уапсени припадници на косовските полициски сили (Росу) „веднаш и безусловно“ да бидат ослободени и повтори дека властите во Приштина мора веднаш да ги запрат полициските акции во близина на општините на север, избрани градоначалниците мора да ги извршуваат своите должности надвор од општинските згради, додека Белград мора да гарантира повлекување на демонстрантите.
За новите избори во северно Косово, Борел верува дека тие треба да се одржат што е можно поскоро, како што рече, „со целосно учество“ на сите граѓани.
Подготвено од М.Н.