https://www.facebook.com/photo.php?fbid=508107661357647&set=pb.100064752514145.-2207520000.&type=3

09.06.2023 Скопје

Американскиот државен секретар Антони Блинкен планира официјална посета на Пекинг која би можел да се оствари веќе следната недела, на крајот од неговото официјално патување на Блискиот Исток а која ќе биде обележана со разговори со високи кинески претставници.

Оваа недела државниот секретар Антони Блинкен е во Саудиска Арабија на напорна агенда со официјални обврски, вклучително и средби со претставници на земјите ангажирани во борбата против Исламската држава.

Портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател, пак,  изјави дека департментот во моментов „нема никакви патувања што треба да ги објави за секретарот“.

Доколку се оствари оваа посета на Кина, ќе биде прва посета на американско министерско на Кина од почетокот на администрацијата на Бајден во 2021 година.

Подготвено од М.Н.

About Author