26.06.2023 Скопје
Американскиот државен секретар Антони Блинкен оствари телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, Полска, Збигњев Рау и Турција, Хакан Фидан, во врска со ситуацијата во Русија, соопшти Стејт департментот.
Блинкен им повторил на тројцата соговорници дека американската поддршка за Украина „нема да се промени“ и дека Вашингтон ќе продолжи да се движи во тесна координација со своите сојузници во однос со настаните во Русија, стои во краткото соопштение од Стејт департментот.
Подготвено од М.Н.