26.06.2023 Скопје
Американскиот државен секретар Антони Блинкен ги бранеше изјавите на претседателот Џо Бајден, кој минатата недела го нарече својот кинески колега Си Џинпинг „диктатор“.
Блинкен на прес-конференција изјави дека претседателот Бајден секогаш зборува искрено и зборува директно, и воопшто не се обиде да ги повлече или пак да ги оправдува на друг начин изјавите на Бајден која што предизвика силна контроверзија меѓу Вашингтон и Пекинг набргу по своето враќање од важното патување за „детант“ во Пекинг.
„Главната цел на моето патување во Пекинг беше да се даде поголема стабилност на односите меѓу САД и Кина. Имаме обврска, и мислам дека Кина има обврска одговорно да управува со односите, да се погрижи длабоките разлики што ги имаме да не доведат до конфликт“, истакна американскиот државен секретар Блинкен.
Подготвено од М.Н.