bitiki sredba germanski kompanii

06.06.2023 Скопје

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со делегација на германски компании на која ги споделил деловните можности посебно во однос на поддршката за инвестиции.

Од владината прес-служба соопштија дека Битиќи ги истакнал клучните фактори кои ја прават Република Северна Македонија атрактивна дестинација за нивните инвестиции.

Битиќи ги информирал германските компании дека Република Северна Македонија е потписник на мултилатерални конвенции и има склучено бројни билатерални договори за заштита на инвестициите, што за странските инвеститори значи заштита преку институции како што е Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID).

Битиќи на состанокот со германските компании се осврнал и на финансиската поддршка на Владата, која во прво место е предвидлива и дека сите постапки се транспарентни со цел да создадат еднакви услови и за домашните и за странските инвеститори, соопштија од владината прес-служба.

Вицепремиерот Битиќи потенцирал дека Република Северна Македонија е подготвена да ги пречека и поддржи германските компании во нивниот стремеж за раст и успех, и дека земјата нуди поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка.

Подготвено од М.Н.

About Author