01.06.2023 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, присуствуваше на самитот на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија.
Украинскиот претседател Зеленски учествуваше на многу билатерални состаноци, на кои се разговараше за прашања поврзани со снабдувањето со борбени авиони, пристапувањето на Украина во ЕУ и НАТО и мировната формула.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции на Република Северна Македонија, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, исто така присуствуваа на Самитот на Европската политичка заедница, и остварија средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, каде беше нагласено дека Украина е меѓу приоритетите при претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, со силна поддршка за нејзината евро-атлантска интеграција.
Активноста на украинскиот претседател со присуство на самитот може да се поврзе со големата желба Украина да добие зелено светло за пристапување во ЕУ и НАТО, како и со набавка на борбени авиони и системи за противвоздушна одбрана.
Подготвено од М.Н.