https://www.facebook.com/photo?fbid=834484371375830&set=a.387344306089841

22.06.2023 Скопје

Претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, оствари средба со американскиот милијардер Бил Гејтс и нигерискиот бизнисмен Алико Данготе, кој е најбогатиот човек во Африка.

Тројцата соговорници разговараа за тоа како да се зајакне здравствената заштита во земјата. Разговорот се фокусирал на иницијативите на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и на Алико Данготе во Нигерија, со особено внимание на здравствениот сектор.

Лидерите разговарале за можните стратегии за надминување на тешкотиите со кои се соочува нигерискиот здравствен сектор, додека претседателот Тинубу се фокусираше на напорите за зголемување на работната сила во секторот, признат како централен за националниот развој.

Нигерискиот претседател Тинубу ја пофали фондацијата Гејтс за нејзиниот придонес во борбата против климатските промени и болестите како што се детска парализа и маларија во Африка.

Данготе од своја страна го призна напредокот постигнат досега под раководство на претседателот Тинубу, особено отстранувањето на субвенциите за гориво за што тој оцени позитивно.

Исто така, изрази оптимизам дека зголеменото државно финансирање може да се распредели на критичните сектори како што се образованието, здравството и инфраструктурата, а со тоа да се зајакне целокупната економија.

Подготвено од М.Н.

About Author