https://www.flickr.com/photos/116288008@N06/26354740955/in/photolist-G9SWir-5t9diW-6KAiyx-6L5WuM-aMh6TT-4sNWM1-eByeiw-fH5HLL-fH5HbC-fGN8sB-fH5GLu-fH5G7b-fGN75r-fH5EWU-4HS7jJ-gbeHWc-fGN9FR-fGN99K-fGN8Wk-fGN8NV-fH5H7w-fH5GxJ-fGN7TK-fGN7EV-fGN7jv-fGN7cF-fH5Fcj-fGN6hP-eF65Ya-eBuGkG-gbeujd-fGN9Ar-fGN8mc-fGN8ac-fGN6Xa-fH5Fjs-6nyphq-eEQc89-gbeToi-gbepwB-gbdZPQ-gbdZBn-gbdLdD-gbd2Jn-gbdgU7-gbeKHu-gbf41V-gbe5pm-gbdts6-gbdtm5

29.06.2023 Скопје

Беким Хаџиу кој е пратеник од партијата ДПК, изјави дека Косово не може да „развива воена сила“ или да и се спротивстави на Србија без поддршка на САД и НАТО, поради што смета дека членството во Алијансата треба да биде главна цел на премиерот Албин Курти и на кој било идната косовска влада.

Хаџиу посочи дека Владата на Косово го крши Уставот и промовира непотизам и корупција, а кабинетот на премиерот Албин Курти го опиша како „авторитарна влада која го прекршува законот и го покрива тоа однесување со фасада на морална политичка посветеност“.

Хаџиу изјави дека за тензиите на северот на Косово е одговорен само Курти, а не новоизбраните градоначалници, и додаде дека Курти нема храброст да го посети градоначалникот Љуљзим Хетеми, кој веќе еден месец не ја напуштил општинската зграда во Лепосавиќ.

Подготвено од М.Н.

About Author