https://www.facebook.com/jspskopjee/photos/2275800109217166

09.06.2023 Скопје

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје соопшти дека средношколците што ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.

„Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓу другото, вели дека со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување феријална пракса и практикантска обука…“, се наведува во соопштението на ЈСП.

Од ЈСП додаваат дека од понеделник, 12.06.2023 година, јавниот превоз ќе функционира по летен возен ред.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author