05.06.2023 Скопје
Летната сезона штотуку започна, потребно е да се направи добар план за полнење гориво затоа што тоа е еден од поголемите трошоци од буџетот на секое домаќинството.
Покрај аранжманот и џепарлакот кои се многу битни за време на летните одмори, висока ставка на која се одлева од домашниот буџет се и горивото и патарините.
По она што може да се види на бензиските пимпи во нашата држава и во соседството, Република Северна Македонија е лидер во оваа ставка со најевтин бензин.
Во мометов цената на дизелот е 1,12 евра за литар, а бензинот е околу 1,30 евра. Со слични цени е и Босна и Херцеговина. Таму за литро дизел ќе платите 1,24 евра, а за бензин 1,32 евра за литар.
Во Црна Гора литар еуродизел е 1,34 евра, а литар еуросупер, односно бензин 1,53 евра. Според веб-страницата „GlobalPetrolPrice“, литар бензин во Грција е најскап и е 1,86 евра, а дизелот е 1,55 евра, додека пак во Албанија дизелот на бензиските пумпи се продава по цена од 1,51 евро.
Подготвено од М.Н.