26.06.2023 Скопје
Само неколку недели откако беше капитен на Манчестер Сити во Лигата на шампионите, Илкај Гундоган потпиша за Барселона на слободен трансфер. 32-годишниот германски интернационалец е подготвен за предизвикот во Каталонија.
„Беше целосна привилегија и задоволство да се биде дел од Манчестер Сити во последните седум години. Манчестер беше мојот дом и се чувствував како дел од едно многу посебно семејство во Сити“.
Потоа додаде:
„Имав среќа да доживеам толку многу незаборавни моменти во моето време овде, а тоа што бев капитен на оваа посебна сезона беше најголемото искуство во мојата кариера“, нагласи Германецот.
За седум години во Манчестер, Гундоган освои вкупно 14 трофеи, вклучувајќи пет титули во Премиер лигата – од кои петтата беше дел од тројната круна во Лигата на шампионите и ФА Купот, во која Илкај постигна два гола во финалето против локалниот ривал Манчестер Јунајтед.
Сега, со истекот на неговиот договор и хиерархијата на Сити предводена од главниот тренер Пеп Гвардиола, која сака да го подмлади тимот, Гундоган му се приклучи на шпанскиот шампион Барселона на слободен трансфер, потпишувајќи двегодишен договор кој вклучува откупна клаузула од 400 милиони евра.
Подготвено од А.Ѓ.