20.06.2023 Скопје
Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека заканата на претседателот на Русија за користење тактичко нуклерано оружје е реална, и дека поради тоа чуствува голема загриженост.
Бајден истакна дека најавата на рускиот претседател, дека Русија го распоредила своето прво тактичко нуклеарно оружје во Белорусија е „апсолутно неодговорна“.
Минатата недела, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека неговата земја почнала да презема руско тактичко нуклеарно оружје, кое според него, еден дел било три пати помоќно од атомските бомби фрлени од САД на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.
Подготвено од М.Н.