bajden- si jimping

21.06.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговиот кинески колега, Си Џинпинг, е „диктатор“, тврдејќи дека бил лут кога САД го собориле кинескиот шпионски балон во февруари минатата година, само затоа што лично не бил информиран за предметниот балон.

Бајден го изјави ова на собирање средства во Калифорнија, еден ден откако американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со кинескиот претседател во Пекинг, со цел да се намалат тензиите и ривалството меѓу двете земји.

„Причината поради која Си Џинпинг толку се налути кога го соборив балонот е тоа што тој не знаеше дека е таму. Ова е голем срам за диктаторите, кога тие не се информирани за тоа што се случило“, истакна Бајден на настанот за собирање средства во Кентсфилд, Калифорнија.

Веќе во последните денови, заедно со посетата на државниот секретар Антони Блинкен на Пекинг, американскиот претседател изрази уверување дека инцидентот со кинески шпионски балон што се случи во февруари е „повеќе срам за Кина отколку намерно дело“.

Во текот на изминатиот викендот, Бајден пак, изрази уверување дека односите меѓу Соединетите Американски Држави и Кина се вратени „на вистинскиот пат“ со посетата на државниот секретар Блинкен на Пекинг и со средбата со кинескиот претседател.

Подготвено од М.Н.

About Author