https://www.flickr.com/photos/cornstalker/48309160576/in/photolist-2gAVCWy-2gAV5nE-nE91o9-2hTaZX9-dqdQhS-2k4knpo-2hTaZ4a-2hT9XhW-2hTb31T-2hT7phz-2hTb35R-2hTb2XB-2hT7syQ-2kg3ZvH-2hTaYN5-2hT7oeC-2hT7o1r-2hT9Vwr-2hT9Wgs-2hTb1Li-2hTb2QY-2hT7rbp-2hTaYVp-2hT9WqL-2hTb2F9-2hT7rjv-2hTaZbz-2hT9VCU-2hT7obb-2iDiUhR-2gAV4zs-2iDgaQh-2hTb3rH-2gAVCSR-2gAVDh8-2gAVD61-2gAV5e8-2iDiU7W-2gAV5Bs-2gAV5xp-2gAVDvu-2gAV5jo-2gAV64e-2gAVDFp-5hYyve-2gAV4QT-xTN4Ki-ybZ2jK-2hT9Ttt-ybij3t/

19.06.2023 Скопје

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска ќе објави инвестиција од 600 милиони долари во проекти наменети за справување со предизвиците на климатските промени.

Од Белата Куќа соопштија дека најавата ќе се случи во контекст на посетата на Бајден на интерпретативниот центар и резерватот Луси Бејлендс во Пало Алто, Калифорнија, посветен на проучувањето на заштитата на зградите и инфраструктурата од ефектите од климатските промени.

Инвестицијата која е дел од претседателската агенда „Инвестирање во Америка“, ќе се фокусира на заштита на мрежата за пренос на електрична енергија и крајбрежните заедници од екстремни временски феномени.

Средствата ќе поддржат иновативни решенија за отпорност и адаптација на крајбрежјето, како што се изградба на природна инфраструктура, планирање и организирање на релокација предводена од заедницата и обезбедување јавен пристап до крајбрежните природни ресурси кои ги штитат заедниците и екосистемите од зголемување на нивото на морето, плимни поплави, урагани, бури и други тешки климатски влијанија, се вели во соопштението на Белата куќа.

За време на посетата на Пало Алто, Бајден ќе ја нагласи и посветеноста на неговата администрација за борба против климатските промени, создавање работни места во секторот за обновливи извори на енергија и зачувување на животната средина за идните генерации.

Подготвено од М.Н.

About Author