avstrija

27.06.2023 Скопје

Прашањето за азил во Австрија за Евгениј Пригожин, основач на руската паравоена група Вагнер, „не се ни поставува“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Виена, кое на овој начин ги појасни претходните изјави на министерот за внатрешни работи, Герхард Карнер.

Министерот за внатрешни работи на Австрија на прес-конференција изјави дека, доколку се постави такво прашање или пак се одобри азил на Пригожин, би настанала голема еволуција во цела држава.

Австриското Министерство за внатрешни работи посочува дека основачот на групата Вагнер веќе е на листата на санкции на ЕУ и затоа не може да влезе на нејзина територија.

Карнер истакна дека ова се однесува и за луѓето од Пригожин, и уште еднаш го повтори и се осврна на прашањето за азил каде остро потенцираше дека се предвидуваат индивидуални испити и тоа ќе биде случај и за во иднина.

Подготвено од М.Н.

About Author