https://www.facebook.com/photo/?fbid=1002934451029367&set=pb.100039384651153.-2207520000.

21.06.2023 Скопје

Министерката за Одбрана на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска, денес во касарната „Илинден“ во Скопје присуствуваше на церемонија по повод ново пристигнатите оклопни возила JLTV.

Министерката Петровска истакна дека и понатаму модернизацијата на Армијата ќе ја продолжи со набавување на оклопни транспортери од типот Stryker, нови системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи, нови повеќенаменски хеликоптери и друга опрема со која се зголемува безбедноста на државата и колективната безбедност на Алијансата.

Петровска исто така истакна дека наскоро ќе започнат консултациите за новите измени во Законот за служба во Армијата кои дополнително ќе го подобрат стандардот на сите армиските припадници.

„Инвестираме во најсовремена и најмодерна опрема за припадниците на Армијата, и за поголема безбедност на граѓаните на Република Северна Македонија“, истакна министерката Славјанка Петровска.

Подготвено од М.Н.

About Author