27.06.2023 Скопје
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на церемонијата на предавање на генералните еполети во Минск, нареди да се стави армијата на неговата земја во состојба на целосна борбена готовност.
„Ги дадов сите наредби армијата да се стави во готовност“, рече Лукашенко.
Тој исто така додаде дека „му било болно да ги гледа“ настаните што се случија на југот на Русија.
„Многу наши граѓани ги земаа при срце. Затоа што татковината е една. Историјата памети – Белорусите знаат како да ја бранат својата земја. Бевме и ќе бидеме посилни од какви било предизвици“, рече шефот на белоруската држава.
Според него, „нема обоени револуции ако нема причина за тоа во земјата“.
Подготвено од А.Ѓ.