02.06.2023 Скопје
Одобрувањето од Сенатот на договорот за подигање на максимумот на федералниот долг го штити економското закрепнување на САД, истовремено избегнувајќи неплаќање што би имало катастрофални последици во земјата.
Откако Горниот дом на Конгресот го одобри компромисот постигнат минатиот викенд меѓу Белата куќа и републиканското раководство, претседателот Џо Бајден изјави дека уште еднаш се покажа дека САД сами си ги плаќаат своите долгови и ја почитуваат својата посветеност, и дека тоа е голема победа за граѓаните и за земјата.
Сенатот на Соединетите Американски Држави го одобри неодамна постигнатиот договор меѓу Белата куќа и републиканското раководство во Конгресот за подигнување на максимумот на федералниот долг, со цел да се избегне можното неплаќање.
Текстот усвоен со 63 гласа „за“ и 36 „против“, сега ќе биде испратен до претседателот Џо Бајден на конечен потпис. Предлогот, одобрен минатата среда од Претставничкиот дом, треба официјално да стапи во сила до понеделник на 5 јуни, односно на датумот што Министерството за финансии претходно го наведе како ден од кој можеше да дојде до неисполнување на обврските, во отсуство на договор за долг.
Подготвено од М.Н