22.06.2023 Скопје
Пред почетокот на протестот на Србите, три возила на специјалната полиција на самопрогласеното Косово беа паркирани во дворот на полициската станица во Грачаница.
Мештаните на Грачаница веќе се собраа на протест поради апсењето на Драгиша Миленковиќ вчера.
Полицијата на самопрогласеното Косово претходно најави дека главниот пат во Грачаница ќе биде блокиран додека трае протестот на Србите.
Забележливо е и присуството на припадници на КФОР, по улиците шетаат и карабинери и луѓе од Еулекс.
Да потсетиме, денеска во Брисел се очекува да разговараат Александар Вучиќ, Албин Курти и Борел и Лајчак.
Подготвено од А.Ѓ.