16.06.2023 Скопје
Познатиот актер Ал Пачино доби уште едно дете на 84 години.
Неговата партнерка Нур Алфала (29) се породи и стана мајка за прв пат.
Новопечените родители се пресреќни поради новото засилување, но сепак не сакаат да го откријат полот на бебето.
Да потсетиме, светските медиуми деновиве пишуваат за актерот кој стана татко по четврти пат, а се дозна дури кога неговата партнерка Нур беше веќе осми месец од бременоста.
Двајцата беа во среќна врска околу една година, а Пачино неодамна изјави дека е навистина посебно чувството повторно да се стане татко во осумдесетите.
Подготвено од А.Ѓ.