13.06.2023 Скопје
Акциите на медиумската компанија МФЕ на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони скокнаа по веста за неговата смрт.
Ова не е знак на непочитување кон починатиот Берлускони, туку пазарна реакција на можниот развој на ситуацијата по смртта на основачот на МФЕ.
На чело на водечкиот италијански комерцијален медиумски сервис МФЕ е синот на Берлускони од неговиот прв брак, Пјер Силвио Берлускони.
Компанијата Фининвест, која припаѓа на семејството Берлускони, поседува 48 отсто од компанијата МФЕ, а на чело е ќерката на Силвио, Марина Берлускони.
Силвио Берлускони е татко на пет деца од два брака.
Според италијанскиот закон, децата на Берлускони наследуваат две третини од неговото богатство, подеднакво.
За време на својот живот, покојникот имал право слободно да определи кому ќе му припадне преостанатата третина од имотот, а тоа ќе се знае дури по отворањето на тестаментот.
Силвио Берлускони почина денеска во миланската болница „Сан Рафаеле“ на 87-годишна возраст, бидејќи пред три дена беше хоспитализиран поради однапред закажан преглед поврзан со хронична леукемија.
Подготвено од А.Ѓ.