https://www.flickr.com/photos/johngmagee/282498839/in/photolist-qXT4D-9wygZY-3jpM5-9J77aF-7JWXVE-5fpaLv-5WiDX1-c6yLTf-678iB3-cAa32U-76y34j-35Efb-UWSAFV-4DEnc8-9uqbr5-5thpP8-qrA2ki-4Urgt-s9uCj-8svUxg-6dYiEa-2c5CTg-4xSvWw-51i92w-9ysiKx-akmWcv-8hvhjt-4B6Wfa-9tLNc9-5h39J-4fJMnN-2DfoYJ-2MWkJ3-yCdEQ-asQGA7-4aVnsX-783cH8-hbw4nE-7pcy74-5thpF8-xdZ6nA-pvzVs3-4LmgzQ-99pjd9-eZoL-6kb7tc-LDki4-vQu4k-962fnW-4DHDou

27.06.2023 Скопје

Хрватскиот ветеринарен институт потврдил африканска свинска чума во примероци земени од свињи од два одгледувалишта во областа Посавски Подгајац во Вуковарско-сремската жупанија, соопшти Министерството за земјоделство.

Присуството на болеста е потврдено вчера, а ова е првпат да се потврди африканска свинска чума во Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.

Станува збор за два помали објекти каде свињите се чувале на отворено.

Ветеринарната инспекција нареди прелиминарни контролни мерки и тоа забрана за движење на свињите, задолжителна примена на дезинфекција и употреба на заштитна опрема.

Се утврдуваат контролни мерки, вклучително и убивање на преостанатите свињи на објектот, определување зони за ограничување, собирање епидемиолошки информации и утврдување на контакт објекти и можно ширење на болеста на други локации.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author