grcijaaaaa

09.06.2023 Скопје

На претстојните избори, односно вториот круг на избори во Грција, кои ќе се оддржат на 25 јуни, ќе учествуваат вкупно 32, кои ги исполнија соодветните критериуми и нивните кандидатури беа одобрени од Врховниот суд.

Во првиот круг од парламентарните избори кои беа одржани на 21 мај учествуваа 36 партии, а пет од нив го поминаа изборниот праг од три отсто и обезбедија место во Парламентот.

Од 44 пријавени партии за изборната трка, 12 кандидатури се одбиени, меѓу кои се наоѓа и коалицијата на независни кандидати „Грци за татковината и слободата“ во која учествуваше Касидиарис.

Одлуката е согласно изгласаниот закон и дополнителен амандман во грчкиот Парламент со кои се предвидува забрана за учеството на изборите на партија чиј претседател, генерален секретар или вистински лидер е осуден за криминално дело.

Касидиарис, кој моментално е во затвор, во периодот од 2012 до 2019 година беше пратеник од Златна зора, а во октомври 2020 година беше осуден на затворска казна од 13 година и шест месеци поради формирање криминална организација.

Подготвено од М.Н.

About Author