https://www.facebook.com/photo/?fbid=477325674577965&set=a.231255619184973

12.06.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден (11.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 230 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 160 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author