17.05.2023 Скопје
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утринава во 07:30 часот ги направи последните мерења за нивото на реката Вардар и истите покажаа дека поради обилните врнежу од дожд изминатите денови има зголемено ниво кај Јегуновце, кај Железничкиот мост во Скопје и во Велес.
Од УХМР информираат дека денешното зголемено ниво на реката Вардар е во однос на просекот за мај, кој е од периодот 2001-2020 година.
Според мерењата на УХМР зголемувања на водостоите се измерени и на реката Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска бања, Брегалница кај Штип и на реката Струмица кај Сушево.
Пониско ниво од просекот за мај има реката Црн Дрим кај Ложани, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.
Мерењата на УХМР покажуваат дека се во рамки на просекот за мај.
Подготвено од А.Ѓ.