12.05.2023 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе оствари средба со папата Франциско во наредните денови, објавуваат италијанските медиуми.
Соопштението доаѓа од кругови во Ватикан кои ја потврдија информацијата објавена вчера попладне, во однос на која утре веќе би можело да се одржи средба очи во очи.
Олтретевер потврдува дека во прашање се денови и затоа се сугерира дека оваа прилика треба да биде претставена со турнејата до главните европски канцеларии, што се подготвува да ја изврши украинскиот претседател Зеленски, а секако во агендата е и средба со премиерката на Рим Џорџија Мелони.
Претседателот на украинската држава Володимир Зеленски во последните денови престојуваше во Хелсинки, Финска и во Хаг, Холандија, а во текот на викендот ќе престојува во Берлин, како што претходно најавија германските медиуми, каде ќе се сретне со канцеларот Олаф Шолц и со претседателот Франк Валтер Штајнмаер.
Подготвено од М.Н.