zelenski bara oruzje od juzna koreja

30.05.2023 Скопје

Украина „очајно се надева“ дека Јужна Кореја може да и обезбеди напредни системи за оружје, вклучително и противвоздушни системи, за да ги одбие руските напади.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се заблагодари на Јужна Кореја за нејзиното ветување дека ќе и обезбеди на Украина деминирана и хуманитарна помош во вкупна вредност од 230 милиони долари, но додаде дека на Киев му требаат радари за рано предупредување и системи за противвоздушна одбрана.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја минатата недела негираше дека земјата потпишала „доверлив“ договор со САД за испорака на артилериски гранати на Украина, како што тврдат медиумите. Портпаролот на Министерството за одбрана, Џеон Ха-Гју на прес-конференција изјави дека извозот на муниција бил предмет на „некои дискусии“ меѓу американското Министерство за одбрана и корејските производители, но додаде дека владата „не може да потврди или додаде детали“.

Хипотезата за испорака на смртоносно оружје за Украина од Јужна Кореја веќе беше циркулирана минатиот месец, по повод државната посета на корејскиот претседател Јун Сук-Јол во Вашингтон.

Претседателот на Кореја, Јун, изјави дека Сеул може да ги надмине законските ограничувања за набавка на оружје во случај на масовни руски напади врз цивилни цели во Украина, па затоа Киев смета на овие декларации дека ќе добие противвоздушни системи од Сеул со кои ќе се спротивстави на ракетните напади на руските сили.

Подготвено од М.Н.

About Author