19.05.2023 Скопје
Претседателот Си Џинпинг официјално го отвори самитот Кина-Централна Азија во Ксиан, историскиот крај на источниот пат на свилата, зборувајќи за „нова ера“ на врските меѓу земјите и средба од „фундаментално значење“ меѓу лидерите.
Верувам дека со нашите заеднички напори самитот ќе биде целосен успех и ќе се отвори нова ера на односи меѓу Кина и Централна Азија, изјави Си во својот говор.
Кинескиот претседател дефинираше „стратешки избор“ за зајакнување на односите меѓу Пекинг и петте земји од централноазискиот регион, за што предвиде „брилијантна иднина“. Трговијата меѓу двете страни достигна 70 милијарди американски долари во 2022 година и забележа раст од 22 отсто на годишно ниво во првиот квартал од 2023 година.
Централна Азија е клучен регион за развојот на инфраструктурата на максималниот проект на Новиот пат на свилата и не е случајно што Си го избра Казахстан минатата година за своето прво патување во странство по пандемијата „Ковид-19“.
Кинескиот претседател оствари билатерална средба со казахстанскиот Касим-Жомарт Токаев, на кој беа потпишани 22 договори за соработка, од кои еден за развој на Транскасписката меѓународна транспортна рута или Среден коридор, на кој се наоѓа Европа.
Подготвено од М.Н.