13.05.2023 Скопје
Локалната шпанска полиција соопшти дека запленила рибарски брод под бразилско знаме кај Канарските Острови со 1,5 тони кокаин во скриен простор во машинската просторија.
Рибарскиот брод им го привлекол вниманието на полицијата бидејќи бил многу блиску до шпанските острови на северозападниот брег на Африка.
Шпанските власти соопштија дека чамците што превезуваат дрога од Латинска Америка честопати го пренесуваат својот товар во други бродови во средината на Атлантикот, со цел полесно да стигнат до европскиот пазар.
Од страна на плицијата уапсен е екипажот од шест лица, пет Бразилци и еден државјанин на Венецуела против кои ќе се спроведе соодветна постапка.
Подготвено од М.Н.