24.05.2023 Скопје
Британскиот премиер Риши Сунак предупреди дека „неконтролираната“ легална миграција ризикува да предизвика неуправлив притисок врз домувањето, училиштата и болниците во Велика Британија.
Суанк изјави дека сериозно е посветен на намалување на легалните миграциски текови како „премногу високи и пребрзи“, фактор што го отежнува интегрирањето на новодојдените во заедниците.
Владата на Обединетото Кралство вчера објави дека на сите студенти од странство, освен оние кои се занимаваат со постдипломски студии, ќе им биде забрането обединување на семејството во ОК од јануари 2024 година.
Сунак истакна дека со оваа одлука би можел да се намали бројот на мигтанти за околу 150.000.
Сепак, податоците што треба да ги објави Националниот завод за статистика се очекува да покажат дека нето миграцијата достигна рекордно ниво од 700.000 до еден милион луѓе во 2022 година.
Подготвено од М.Н.