https://www.facebook.com/photo/?fbid=10154368525685107&set=a.460085992148967

30.05.2023 Скопје

ЕУ не е запознаена со деталите за денешните напади со беспилотни летала врз Москва, изјави портпаролот на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано.

На прес-конференција во Брисел тој ја повика Русија да не ги користи нападите како изговор за ескалација на конфликтот.

„Свесни сме за извештаите кои тврдат дека некои беспилотни летала летале над московскиот регион. Всушност, не треба да коментираме за тоа, бидејќи не знаеме ништо за изворот на нападот или какви било детали за него. Она што можам да го повторам е силниот повик на Унијата, Русија да не користи такви инциденти како изговор за понатамошна ескалација“, рече Стано.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author