09.05.2023 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во секоја земја и општество се случуваат трагедии, „наша должност е да ги намалиме и децата и наставниците да се чувствуваат побезбедни, а воведувањето полицајци во училиштата е најважната мерка“.
Вучиќ рече дека ќе продолжи да спроведува мерки против насилство, а само денеска е запленето поголемо количество оружје.
„Ќе донесеме уште поголем број полицајци, со години немаме ниту едно мафијашко убиство. Ќе продолжиме да градиме и инвестираме во државата“, изјави Вучиќ.
Вучиќ рече дека ќе се реновира основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, во кое ќе се инвестираат 7.000.000 евра.
Вучиќ посочи дека побарал да не се организираат протести.
„Не затоа што се исплашив, туку затоа што е лошо за државата. Во политичката пракса е воведено дека најбрутално се злоупотребуваат чувствата на луѓето. Очекував во извртена форма организаторите да понудат мерки и идеи, на крајот тоа сите се спуштија на сува политика, за иднината ни секунда не им беше гајле за нашите деца. Само сакаа да се исклучат ТВ Пинк и Хепи и оставки. Мило ми е што дел од десницата не учествуваше во денешна срамота, затоа што е добро за државата, да не мораат сите да бидат голи мршојадци како што се денес организирани во митингот“, вели Вучиќ.
Тој истакна дека „ќе работи и ќе направи се што може“ и ќе донесе мерки кои ќе го намалат ризикот за децата и постарите лица.
Подготвено од А.Ѓ.