https://www.flickr.com/photos/136502155@N06/42359670092/in/photolist-27xbo8w-S6Ds1i-269L2L9-P3GoJf-2hi7ziR-21zXSbF-t7PEj5-QRFrvr-dxtHWY-2nHW6i7-22KAqvA-RvYk7Q-QRFkaa-2nHPX2U-ux4Xn6-21v2EcN-Q32aeb-RvYmXo-ZuLLXC-269mjJA-27f5bvg-NVBPiJ-LGUdpY-uwWauQ-DscS9w-DscSmq-NY8T4M-MupP1z-oZr4HR-2jHdG7w-Lx44pe-K7abY3-249ufRX-P3GoCU-2jHd6hG-MupNSZ-2nC5BVn-NY8Twk-2iAfy6Q-27aZbzj-GDkmVB-MupPjv-LwYZyC-DscQQu-27BBJqk-24RQXeQ-KtFNwS-Lx42PF-ZuLLKJ-N8GwLH

03.05.2023 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчеравечер изјави дека Приштина не сака да ја исполни обврската од пред 10 години и дека тоа било јасно уште од почетокот кога беше претставен нацрт-статутот на Заедницата на српски општини.

„Бев многу загрижен, јасно е дека Приштина не сака да ја исполни својата обврска од пред 10 години. Првпат дојдовме до ѕидот и тоа беше јасно од моментот кога беше претставен нацртот на менаџерскиот тим, начинот на кој се обидоа да ги понижат двете жени кои го направија тоа, до нивната реакција потоа, дека за нив е неприфатливо, дека не е во согласност со нивниот устав, дека не сакаат нова РС, иако сите членовите јасно се однесуваат на претходно договорените членови од 2013 и 2015 година. Нема точка што не е договорена или потпишана“, изјави Вучиќ за новинарите во Брисел.

Вучиќ додаде дека се надева оти разговорите ќе продолжат, но и дека ќе можат да најдат решенија во иднина.

„Ќе слушнете безброј изговори, но суштината е ова: ЕУ излезе со свој предлог, јас го прифатив тој предлог, но Приштина го одби“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека се надева дека некој ќе влијае на Приштина да ги смени ставовите „или во спротивно сме во ќорсокак“.

Се надевам дека до следната рунда на техничко ниво, без разлика дали тоа ќе биде на 18, 20 или 21 мај, ќе има ли реакции кои би можеле да влијаат на промена на ставовите, во спротивно сме во ќорсокак“, рече тој.

Тој посочи дека не е оптимист, но може да вети во име на Србија дека ќе даде се од себе за да го зачува мирот.

Српскиот претседател изрази надеж дека разговорите ќе продолжат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author