https://www.facebook.com/photo.php?fbid=720644562982026&set=pb.100051094670379.-2207520000.&type=3

02.05.2023 Скопје

Ќе биде тешко, но ние имаме право и правда на наша страна, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, пред да замине за Брисел, каде ќе следи нова рунда преговори со Приштина.

„Сите великани на Запад се против нас. Уште поважно, не разбираат колку е силна љубовта кон слободата и колку силно и цврсто можете да ја заштитите и покрај сите притисоци. Да живее Србија!“, нагласи Вучиќ, на својот Инстаграм профил.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, за денеска свика средба на високо ниво во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а како што соопшти Европската служба за надворешни работи, на маса ќе има две теми – нацрт-статутот на Заедницата на српските општини и Декларацијата за исчезнати лица.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author