31.05.2023 Скопје
Политичкиот аналитичар и познавач на Балканот Едвард Џозеф изјави дека САД отидоа предалеку со критиките до властите на Косово кои сакаа да ги спроведат новоизбраните градоначалници на нивните места.
САД и ЕУ претходно повикаа дека официјална Приштина ја дестабилизира ситуацијата во земјата, и со тоа отидоа предалеку бидејќи изјавија дека со ова односите со Косово ќе бидат оштетени, тие му дадоа зелено светло на Вучиќ да ескалира и да го обвини Албин Курти, изјави Џозеф.
Дигање тензии е последното нешто што треба да го прават како Косово така и Србија, но сепак Вучиќ ја ескалира ситуацијата на Косово иако де-факто се согласи на признавање во март (на преговорите во Охрид) благодарејќи на посредништво на ЕУ и САД.
Тензична ситуација му одговара на претседателот Вучиќ, кој е под голем притисок својата држава, и тој сака да се претстави како голем патриот, бранител на Косово и на косовските Срби, точно во време кога е под огромен притисок од организираните демонстрации против неговата власт, изјави политичкиот аналитичат Едвард Џозев.
Подготвено од М.Н.